Џонсон одобри објавување на извештајот за наводно руско мешање во Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон одобри да се објави контроверзниот извештај за наводно руско мешање во политиката на Британија, пишува денеска „Индепендент”.

Џонсон беше критикуван поради блокирање на извештајот на Комисијата за разузнавачки прашања и безбедност пред одржувањето на парламентарните избори на 12 декември, а шефот на комисијата Доминик Грив одлуката на премиерот ја нарече „изненадувачка”.

– Ако тој го направи тоа сега, истото можеше да го направи и пред распишување на изборите, истакна Грив, кој го загуби местото во Парламентот.

Весникот напоменува дека овој извештај не може да биде објавен пред именување на нова Комисија за разузнавачки прашања и безбедност и не се очекува да излезе во јавност пред јануари.

Треба да знаете
Последни објави