Каталонската полиција и фудбалскиот клуб Барселона преземаат вонредни мерки за безбедност пред дербито в среда против Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми, и играчите на Барселона и на Реал, ќе бидат сместени во ист хотел, па затоа заедно ќе бидат испратени кон „Камп Ноу”, со цел да нема доцнење и да се избегнат мешаници и несакани инциденти.
Иако ќе бидат во ист хотел, не се очекува играчите да се сретнат пред мечот, а потоа во исто време во два автобуси ќе заминат кон стадионот на кој ќе се игра Ел Класико. Барселона и Реал Мадрид се на делба на првото место со ист број бодови.