По бомбашкиот напад во центарот на Лесковац кој се случил ноќеска околу 2 часот по полноќ за среќа нема повредени или загинати луѓе, но оштетени се три автомобили и искршени се излозите на пет продавници. Ова го соопшти утрово полициската управа од Лесковац, потенцирајќи дека бомбашкиот напад се случил на паркингот од прометната улица „Светозар Марковиќ“, но за среќа никој од случајните минувачите во тој период не настрадал.
Според полицијата сеуште немаат информации каква експлозивна направа е фрлена.
-Дали е бомба или некој коктел ќе се знае по направеното вештачење. Не е познато дали направата е фрлена од автомобил во движење или пак е оставена на местото каде експлодирала- соопшти полицијата.
Оштетените автомобили се со регистарски таблички од Лесковац, Белград и Нови Сад.