Заев: Прочистување во правосудството, ветингот е поразлична постапка

Процесот што го спроведуваме се вика прочистување во делот на правосудството, кај судиите и јавните обвинители. Поимот ветинг не треба да го употребуваме заради тоа што ветингот, посебно во регионот симболизира една поразлична постапка што се спроведе во соседството, во Албанија, што претходно беше на меѓународни комисии. Ние сме во понапредни фази со реформските закони, пред се во правосудството, дадовме сериозни алатки каде што самите институции може да влезат и да го направат прочистувањето.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, појаснувајќи ја вчерашната изјава дадена на трибината на „Прав пат”, во која ги повика надлежните институции да ја почнат постапката за проверка на имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет побара да ја провери ажурноста на работата на судиите и обвинителите.

– Еден дел се од законите за правосудството односно Законот за судски совет, Законот за судовите, Законот за антикорупциската комисија кои беа донесени со двотретинско мнозинство, сите се по препораки на Венецијанската комисија имаат вградено алатки. Процесот на прочистување може да се спроведе во тој дел, рече Заев.

Тој потсети дека Антикорупциската комисија најави дека во плановите за 2020 година им е ставена проверката на судии и обвинители. – Од Судскиот совет се уште нема реакција, тој е независен, тие можат во делот на недозволивиот судир на интереси, можната корупмираност, влијанието на надворешни струкрури врз самите процеси и постапки во судството, согласно инструментите и механизмите што ги имаат, да направат едно прочистувањее внатре и да кажат каде е чесно, каде не е чесно, рече Заев.

Премиерот додаде дека и Европската Комисија има мегханизми што им ги нуди на земјите кандидати и им стои на располагање за случаи од високи профили на корупција и криминал, каде што јавноста е посебно заинтересирана и можат да воспостават посебен мониторинг и да ги следат самите случаи.

– И тоа е посебен вид на прочистување на правосудството, и третиот дел, согласно законите, Управата за јавни приходи има целосно надлежност да прават проверка на имотот, на парите на политичарот, на судијата, на обвинителот, на газда, на компанија, на било кој во државата. Целосно да направат проверка на потеклото на парите и имотот исто така и на семејството. Очекувам од извршните органи, УЈП, заедно со Централниот регистар, со Централниот депозитар, со Катастарот што ги вади имотните листови, таа работа нема што да чека да завршат избори, можат да преземат и сум дал директни инструкции. Тоа да го прават за сите. И Антикорупциска кога отвори проверка и тоа е постапка што трае, против министрите вклучително и премиерот и тоа е нешто што е добро и навистина треба прво да се тргне од Владата, тие се обратија до УЈП и до други институции, рече Заев.

Како што посочи премиерот, има чесни судии и обвинители и заради неколку нечесни се нагрдува сликата во правосудството, и останува на институциите да си постапат по своите надлежности на транспарентрен и непристрасен начин.

Тој уште еднаш ги повика инститиуциите на целосна соработка со Антикорупциската комисија, бидејќи, како што рече, таа е контролор на сите нас. – Дури и во законот стои ако не се постапува, ќе има санкции. Апелирам до сите институции од извршната власт максимална сораоботка, да бидат сервис на граѓаните, подвлече премиерот.

Треба да знаете
Последни објави