Временските непогоди кои од петокот ја зафатиjа Франција, ја однесоа и третата жртва, соопштија властите, откако тело на 40-годишен маж по кој се трагаше неколку дена беше пронајдено во автомобил во поплавено подрачје.
„Неговата смрт е поврзана со временските услови“, рече Лорен Бидоу, заменик-јавен обвинител во градот Дакс.
Претходно беше објавено дека две лица загинаа во петокот, а петмина се повредени при удари во дрвја што силните ветришта ги кутнале на патиштата во југозападна Франција.
Во четири департмани во тоа подрачје уште е на сила портокаловиот аларм.
Покрај поплавувањето на многу предели, од Нормандија на северозапад до Корзика на југ, дувал и силен ветер.
Поради силните удари на ветрот, околу 25.000 домаќинства останаа без електрична енергија во провинциите Нова Аквитанија, Окситанија и Нормандија.