Во универзитетскиот кампус во Атина и во близина на полициска станица, утрово беше откриена рачно изработена експлозивна направа, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, полицаец додека го паркирал неговиот мотор забележал ќеса во која имало кабли и часовник поврзани со шише и веднаш ја известил надлежната служба.
По проверката, било потврдено дека станува збор за експлозивен механизам и била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира направата.