САД со план од Авганистан да повлечат 4.000 војници

По преговорите меѓу САД и талибанците, администрацијата на Трамп, ќе го намали бројот на војниците во Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да повлече 4.000 војници, околу една третина од речиси 13.000 американски трупи во Авганистан, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер.

Според Си-Ен-Ен, САД потрошиле 133 милијарди американски долари за војната во Авганистан од 2001 година. Во таа војна загинаа 2.300 американски војници.

Делегациите беа близу до постигнување договор во почетокот на септември, но преговорите беа прекинати заради нападот во Кабул во кој загина американски војник.

Само во првата половина на оваа година, најмалку 3.812 лица настрадаа во Авганистан, при што загинаа 1.366 лица, а 2.446 беа повредени.

Треба да знаете
Последни објави