Салвини им понуди соработка на најголемите партии

Лидерот на италијанскара ултрадесничарка партија Лига, Матео Салвини се откажа од барањето Владата да поднесе оставка и предложи најголемите партии да работат заедно, за да ги решат горливите проблеми во земјата.

– Ајде да седнеме на маса и да постигнеме договор за пет приоритети за земјата: штедење, полтика на раст, правда, инфраструктура и здравство, пред да биде доцна, а потоа можеме да одржиме избори, напиша Салвини на Твитер.

Тој претходно изјави дека мора да биде постигната согласност за новиот изборен закон.

Промената на ставот на Салвини е изненадување за многу аналитичари, додека дел од експертите наведоа дека тој изгубил надеж оти фрагментираната владејачка коалиција ќе се распадне наскоро. Исто така, аналитичарите наведуваат дека и во случај партиите да најдат заеднички став, тоа би бил долг процес, што би траел со месеци, ако не и со години.

Според анкетите, Лига е најпопуларна партија во Италија, со околу 30 проценти поддршка

Треба да знаете
Последни објави