Светската банка собра рекордни 82 милијарди американски долари за поддршка на најсиромашните земји во светот. Парите ќе им помогнат на земјите да се справат со „предизвиците на климатските промени”, рече претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.
Средствата што доаѓаат од 52 земји и обврзниците за финансискиот пазар одат во Меѓународната организација за развој. Таа организација ќе ги користи тие пари за финансирање бескаматни или нискокаматни заеми за развојни проекти во најсиромашните земји во светот.
Се очекува да имаат корист од тоа 74 земји, при што 53 милијарди долари одат само во Африка.
– Вкупно, се собраа седум милијарди долари повеќе од пред три години, најголема сума досега во Меѓународната организација за развој, рече Малпас.
Светската банка претходно издвои три милијарди американски долари и Меѓународниот монетарен фонд 2,9 милијарди долари.