Сопругата на потпретседателот на Зимбабве обвинета дека се обидела да го убие

Мери Чивенга, поранешна манекенка и сопруга на потпретседателот на Зимбабве, Константино Чивенга, е обвинета за обид за убиство на нејзиниот сопруг.

Таа денеска се појави во судот, а според АП, судијата наредил да остане во притвор до следното сослушување.

Мери Чивенга е обвинета за обид да го убие сопругот во Јужна Африка во јули.

Таа најпрво се обидела да одбие нејзиниот сопруг да се лекува, инсистирајќи на тоа дека тој ќе остане во хотел наместо во болница кога бил пренесен во Јужна Африка на итен медицински третман, се вели во обвинението.

Додека Чивенга бил во болницата на 8 јули, таа отишла во неговата соба, побарала обезбедувањето да излезе надвор, а додека била сама со него, таа ги отстранила инфузијата и катетерот, по што тој обилно крварел, се вели во обвинението.

Потоа го исфрлила од кревет и се обидела да го извади од одделот пред да го пресретне неговото обезбедување, се вели во обвинението.

Потоа, Чивенга отпатува во Кина каде четири месеци се лекуваше и се врати во Зимбабве во ноември.

Неговата сопруга исто така беше обвинета за перење на околу 1 милион американски долари во соседна Јужна Африка, преправајќи се дека плаќа за роба што никогаш не пристигнала во Зимбабве, се вели во обвинението.

Мери Чивенга не е видена во јавност со сопругот откако тој се врати од Кина.

Треба да знаете
Последни објави