Холандија е нов светски владетел во женскиот ракомет. По бронзата од пред две години и среброто од пред четири, Холанѓанките го освоија и најсјаното мундијалско одличје – златото. Во финалето на 24. Светско првенство одржано во Кумамото во Јапонија, Холандија ја совлада Шпанија (30:29).
Двете репрезентации беа во потера по првиот златен медал. На крајот се радуваше Холандија, но во ракометните кругови блесокот на „златото“ го помати последниот гол на натпреаврот со кој беше решен светскиот првак. Дури и славниот француски голман Тјери Омеје, во коментар на една француска телевизија за неговите сонароднички, сестрите судии во финалето Жули и Шарлот Бонавентура изјави дека направија голема грешка. Францускиот судиски пар и во минатото има донесувано контраверзни одлуки на клучни натпревари. Критиките и коментарите за спорните последни секунди од финалето ќе продолжата да бидат тема во пошироките ракометните кругови.
https://twitter.com/Bur01210878/status/1206199529671995395
А што се случи во тие моменти. При резултат 29:29 на Холандија и е одземена топката поради пасивен напад, па последна по победнички гол тргна Шпанија. По неколку додавања на 21 секунда пред да се огласи сирената за крај на мечот, клупата на „црвената фурија“ побара тајм-аут. Продолжи Шпанија со нападот и на 8 секунди пред истекот на времето ударот на Кабрал го одбрани Тес Вестер. Во моентот кога голманката на Холандија од својот простор се обиде да ги проигра соиграчките во брз контранапад, се испрачија рацете на Аион Ернандес која пред голманскиот простор ја блокираше оваа идеја. Но, судиките од Франција, сестрите Бонавентура ја прекинаа играта на шест секунди до крајот проценувајќи дека ракометарката на Шпанија направила опструкција на играта, и по неколку секунди размислување како да го приведат мечот кон крајот се одлучија да и покажат црвен картон на Ернандес, а за Холандија да досудат седмерец !
Ваквата одлука беше шок за Шпанија, а Лои Абинг ладнокрвно го реализира седмерецот за прва светска круна на Холандија. За судиската двојка блокадата на шпанската ракометарка била направена во просторот од шест метри или контактот меѓу ракометарката и голманката по исфрлување на топката го окарактеризираа како прекршок кој се санкционира со седмерец. Ракометните стручњаци се на мислење дека во оваа решавачка ситуација се оштетени ракометарките на Шпанија. А според правилата за ракометот топката е уфрлена во игра ако ја мине линијата на голманскиот простор од седум метри и може да биде блокирана од противнички играч.
Анализите на спорниот момет продолжуваат. Овој детал на доброто и неизвесно финале фрли сенка на играта и освоената титула на Холандија.