Градоначалникот Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа доби непристојно прашање од гледач за тоа од која ракија најмногу болела глава. Шилегов инсистираше да одговори на прашањето и рече дека тоа е црна кампања против него.
-Кога бев жесток перјаник на во тоа време опозицијата, тогашната власт не можеше да најде слаба точка на Петре Шилегов и тогаш почна црната пропаганда дека сум алкохоличар. Јас тоа го гледам дека се случува. Тоа е црна кампања, а јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, одговори Шилегов.