Џесика Алба на празнична забава со семејството

Џесика Алба ретко се појавува во јавноста со семејството, но во неделата таа се реши за јавен настап со сопругот Кеш Ворен и трите деца на празничната забава во Лос Анџелес.

Непрофитната организација Baby2Baby во неделата ја одржа својата годишна празнична забава во Лос Анџелес, и како и обично, привлече голем број ѕвезди од висок профил кои го донираат своето време и ресурси за да помогнат во собирање пари за деца што живеат во сиромаштија.

Овој пат Џесика Алба, која работи во бордот на директори, направи редок јавен настап со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца: ќерките Хонор, 11 години, Хевн осум, и синот Хејс, една година.

Поранешната ѕвезда на Dark Angel, 38, ja покажа нејзината тонирана фигура во црн модерен комбинезон.

Панталоните со висок појас поврзани се со бела кошула со долги ракави и црни чизми.

Треба да знаете
Последни објави