Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за финансирање на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје со заеми од Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка.
При тоа го задолжи Министерството за финансии да достави известување до Банката за развој при Советот на Европа и Европската инвестициона банка дека Владата на Република Северна Македонија е подготвена во соработка со двете банки да ги преземе сите потребни активности за исполнување на нивните предуслови за Проектот за изградба на Универзитетски клинички центар во Скопје.