Манчестер јунајтед ќе му биде сериозен конкурент на италјанскиот Интер во трката за потписот на Дејан Кулушевски во зимскиот преоден рок за фудбалери. Младиот 19-годишен сениорски шведски репрезентативец со македонско потекло кој настапува во италјанската Серија А во редовите на Парма како одстапен играч од Аталанта со своите настапи и голови се повеќе го привлекува вниманието на поголемите европски екипи.
Интер од поодамна ги искажа своите желби, а за да го реализира овој трансфер и е на линија со Аталанта, чиј играч е Кулушевски. Но, проблем ќе им биде тоа што тој е позајмен во Парма до крајот на сезоната, па за тоа да се случи во јануари мора да се согласат сите три страни и играчот. Интер највија дека се подготвен да плати 40 милиони евра, или да направат транма.
За несудениот македонски репрезентативец, кој настапи за младинските репрезентации до 16 години, па птооа се предомисли и го одбра дресот на Шведска, според „Газета дело Спорт“, Интер е подготвен да го даде левиот бек Федерико Димарко на Парма, а Аталанта пак, ќе дозволи трансфер на Муса Бароу, за да се задоволат сите страни.