Армијата ќе се опреми со нови оклопни возила според стандардите на НАТО

На вчерашната седницата владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и го задолжи Министерството за одбрана да достави информација до Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија за потребата од склучување на ваков договор со САД. 

На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање на оваа седница е разгледана и усвоена Информацијата за обезбедување средства за финансирање на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковце со препорака до Јавното претпријатие за државни патишта да направи проценка за изработка на проектна документација и за изградба на патот најдоцна до 16.12.2019.

Патот е дел од проектот за воспоставување на самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион, чија вредност изнесува околу 40.000.000 евра. За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северно-источниот и Источниот регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и јавните комунални претпријатија од двата региона.

Министрите во владата ја разгледаа Информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети на државните универзитети и утврдија препораки за поддршка на одржувањето на континуитет на професорскиот и асистентскиот кадар со предлог за финансиска поддршка на научните проекти кои би се развивале во соработка со индустријата.

Оваа информација ја презентираше Заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев кој на оваа седница ја образложи и информацијата за дуално образование со предлог концепт за апликација во образовниот систем.

Треба да знаете
Последни објави