(Видео) Петкоски: СДСМ Прилеп по втор пат вработува исти луѓе

Пред да седнат во кожените фотељи, СДСМ зборуваше за намалување на администрацијата, а сега едни исти лица ги вработуваат по два пати, обвини Влатко Петкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крсте Дуковски кој беше вработен како личен шофер на градоначалникот Илија Јованоски, сега е поставен на работно место Помлад референт за персонална евиденција во одделението за управување со човечки ресурси на Општина Прилеп. Викторија Јовчески, која беше вработена во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена на работното место помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина. Зоран Милошески кој беше вработен во Пи-Ар тимот на општината, сега ќе работи како самостоен референт за заштита и спасување во одделението за јавни дејности“, рече тој.

 

Треба да знаете
Последни објави