Снимките од надзорната камера покажуваат еден гол човек кој бега од својот дом, откако бил нападнат од поранешното момче на неговата бремена девојка. На видеото се гледа дека човекот крвави.
Неименуван маж (38) спиел во домот на неговата девојка во Мелбурн кога во неделата околу 5 часот бил нападнат од нејзиното поранешно момче.
Бремената жена (24), која носи бебе на напаѓачот, не е повредена во инцидентот, пренесува „Дејли мејл“.
Во очајнички обид да си го спаси животот, нападнатиот маж, кој бил гол, трчал низ улиците крвавејќи од стомакот.
Соседите рекле дека слушнале врескање и врева, а потоа виделе гол човек што трча.
Жртвата се наоѓа во болница во сериозна состојба, а напаѓачот е уапсен. Тој е обвинет за обид за убиство, провала и намерно предизвикување тешки повреди.