Внатрешниот изглед на најпознатиот хотел на светот

Сместен во Обединетите Арапски Емирати на вештачки остров крај брегот, „Бурџ ал Араб Џумеира“ е познат како првиот светски хотел со седум ѕвездички. Поточно, еден патник го опишал како хотел со седум ѕвездички уште пред две децении и името му останало до ден-денес. Но, без разлика дали тој има или нема седум sвездички, луксузот е непобитен. „Бурџ ал Араб“ нема соби, туку станови, и тоа 202, што и не е многу со оглед на големината на хотелот, пишува „Инсајдер“.

Во луксузниот хотел престојувале од кралски семејства до Џастин Бибер, а едно ноќевање чини до 11.000 евра.

Во хотелот има толку многу бањи и само два двокреветни кревета со оглед дека има премногу каучи за седење. Стилот на уредување е луксузен и кич и не е за сечиј вкус. Најчесто ентериерот е украсен со злато и разни впечатливи материјали, како мермер.

Една од спецификите е големо огледало над креветот. На некои гости не им се допаѓа премногу, па бараат да биде покриено.

Ова е само еден пример на луксузно украсена бања.

Хотелот има многу фотелји и софи, каде што може да се ужива во погледот кон морето.

Повеќето соби имаат огромни прозорци, така што може да се ужива и во погледот на градот.

Хотелот располага со затворени и отворени базени, па гостите може да изберат што им се допаѓа.

Треба да знаете
Последни објави