Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов смета дека со повлекувањето од системот на спогодбата за намалување на контролата на нуклеарното оружје, САД тежнеат кон еднострана воена суперироност, меѓутоа таквата цел е опасна и неостварлива, пренесува ТАСС.
„Во основата на причината за повлекувањето на САД од спогодбата лежи нивното тежнеење да се ослободат од сите ограничувања во воената сфера и да постигнат апсолутна воена супериорност. Меѓутоа, во современиот свет е невозможна хегемонија на една сила.Ако дојде до нестабилност во областа на безбедноста, тогаш како резултат на новата трка во вооружувањето, сета светска политика ќе потоне во анархија и непредвидливост. Тоа ќе ѝ наштети на безбедноста на сите земји, вклучувајќи ги и САД“, истакна Горбачов во интервју за јапанскиот весник „Асахи“.
Тој смета дека Русија и САД повторно треба да го обноват дијалогот за нуклеарното вооружување и движење кон ненуклеарен свет.Во претходно интервју за Си-ен-ен, Горбачов изрази надеж дека ќе се зачува Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), но истиот беше раскинат на иницијатива на Вашингтон на 2 август.
Иднината на руско-американскиот стратешки договор за намалување на оружјето, познат како „Нов СТАРТ“, исто така е нејасна. Договорот истекува во февруари 2021 година, но проширувањето на документот останува под знак прашање поради ставот на Вашингтон.