Градоначалникот Бочварски денес се обрати како претседател на ИПР на промоцијата на проектот ,,Нашето заедничко минато-патека за заедничка иднина”

Градоначалникот Бочварски денес се обрати како претседател на ИПР на промоцијата на проектот ,,Нашето заедничко минато-патека за заедничка иднина”
Во овие два дена во Штип и Кочани се презентираат  проекти од огромно значење за источниот регион.
Проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина” се фокусира на развој и поттикнува прекугранична соработка во областа на културниот, фестивалскиот и креативниот туризам помеѓу јавните институции и другите засегнати страни од туристичкиот сектор преку организација на настани, трансфер на знаење и искуство,
,,Источниот регион има јасни претензии за развивање на туризмот ,промоција на нашите културни вредности . Овој проект ќе влијае врз подобрување на квалитетот  на животот на луѓето oд прекуграничниот регион.
Живееме во 21 век и горд сум што со овој проект ќе ја приближиме нашата култура и историја преку дигитален маркетинг.
Исто така ќе се изработат апликации за паметни телефони, веб платформа која преку онлај стриминг ќе ја пронмовира културата на двада народи”стои во обраќањето на претседателот на ИПР.
Треба да знаете
Последни објави