Првиот човек на бугарскиот тим од заедничката комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров во интервју за „БНТ“ вели дека не е оптимист околу иднината на комисијата, пренесува „Канал 5“.
Тој посочува дека во последниот период имало зголемена напнатост на релација Скопје- Софија, дека досега не биле постигнати некои позначајни усогласувања освен ако не се смета одлуката за празнувањето на Кирил и Методиј, а особено што по последната средба немало согласност околу Гоце Делчев. Тој повтори дека останува на ставот за личноста на Гоце Делчев и потенцира дека историската вистина била важна за Бугарија.
– Вистината е дека во 1944-1945 година две комисии се состануваат за да реконструираат, врз основа на 2-3 локални наречја, една нова јазична конструкција. Изработен е нов систем на пишување што позајмува многу српски букви. Целта на овој комитет е да го разликува јазикот од литературниот бугарски јазик. Некои членови на комисијата се спротивставуваат. Ова е она што го создава она што се нарекува денешен македонски јазик, изјави Димитров.