Избори во Британија: Борис Џонсон ќе ги пречека новите пратеници во Парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе им се обрати на новите пратеници од Конзервативната партија штом пристигнат во Вестминистерската палата и ги заземат местата во Парламентот.

Повеќето од 109-те нови пратеници доаѓаат од изборните единици кои до минатиот четврток беа упориште на Лабуристичката партија.

Прва задача на пратениците ќе биде гласање на предлог законот за излез од ЕУ, кој Џонсон сака да биде усвоен пред Божик.

Се очекува Џонсон да го освежи составот во својот кабинет.

Мора да ги пополни празните позиции на тие кои пред изборите ги напуштија функциите, вклучувајќи ги секретарите за култура и за Велс.

Кралицата формално ќе го отвори Парламентот в четврток, кога ќе ја претстави владината законодавна програма.

Се претпоставува дека предлог законот за излез од ЕУ уште в петок би можел да се најде пред членовите на Парламентот.

Пред приватното обраќање на Џонсон на новите членови на Парламентот, владин извор истакна дека „премиерот многу јасно ставил до знаење дека сме одговорни за подобра иднина на земјата и дека мораме да ја вратиме довербата на јавноста, така што ќе го завршиме Брегзит. Затоа првиот закон за кој пратениците ќе одлучуваат е предлог законот за повлекување”.

Поради мнозинството кое го има Џонсон, се очекува дека предлог законот ќе помине во Парламентот навреме, за да се исполни ветувањето на премиерот дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 јануари.

Џонсон ќе мора да преговара за новиот договор за трговија со ЕУ, а Парламентот да го ратификува пред завршување на пост-Бергзит преодниот период, кој завршува на 31 декември 2020 година.

Во повеќе наврати Џонсон изјави дека преодниот период нема да се продолжува.

Се очекува говорот на кралицата да содржи закони поврзани со ветувањата дадени за време на предизборните кампањи, особено гаранција за финансирање на Националната здравствена служба.

Исто така се очекуваат и чекори за повторно воспоставување влада на Северна Ирска во Стормонт, а разговорите ќе продолжат в понеделник.

Во меѓувреме, во редовите на лабуристите најмногу се зборува за внатрешните промени.

Генералниот секретар на лабуристите вели дека партиските функционери најверојатно ќе се сретнат на почеток на следната година, со цел да се договорат за чекорите за промена на лидерот Џереми Корбин.

Корбин сака процесот да започне колку е можно побрзо, изјави Џени Формби, па затоа неговиот наследник може да биде поставен до крајот на март.

И Корбин и Џон Мекдонел изјавија во неделата дека се виновни за катастрофалниот пораз на лабуристите на изборите минатиот четврток.

Лидерите на лабуристите не се сложуваат со причината за поразот.

Мекдонел изјави дека главниот проблем се Брегзит и „медиумското прикажување” на Корбин.

Во меѓувреме, пратеникот Стивен Кинок изјави за медиумите дека главните проблеми се „слабото и неспособно раководство”, како и одлуката да се поддржи уште еден референдум за Брегзит и манифест „листа на божиќни желби”.

Борбата за нивните функции започна, а пратеничката од Виган, Лиса Ненди првпат изјави дека сериозно размислува за кандидатура.

Други можни кандидати се секретарот за Брегзит на владата во сенка, Сер Кир Стармер, секретарката за бизнис во сенка на Ребека Лонг-Бејли, секретарката за образование во сенка Ангела Рејнер, Џес Филипс која е отворена критичарка на Џереми Корбин, и министерот за надворешни работи во сенка Емили Торнбери.

Вкупно 47 нови пратеници од Шкотската национална партија денеска исто така ќе ги заземат местата во Парламентот.

Лидерката Никола Стерџон инсистира дека изборните резултати и даваат мандат за втор референдум за независност на Шкотска, на што премиерот е се уште против.

Таа истакна дека конзервативците, кои изгубија седум од претходните 13 мандати во Шкотска, „претрпеле целосен пораз”, а новите пратеници ќе продолжат да се залагаат за независност.

Што ќе се случува оваа недела?

Денеска

Седниците почнуваат кога пратениците ќе се соберат за првата задача: да го изберат новиот претседавач на Долниот дом на парламентот, Сер Линдзи Хојл, кој го замени Џон Беркоу во ноември. Технички, пратениците можат да гласаат за овој предлог, но тоа никогаш не се случило во пракса.

Подоцна во текот на денот, претседателот ќе започне со процесот на положување заклетва.

На оние кои говорат или гласаат, а тоа не го направиле, ќе им биде скратено местото „како да се мртви” според Законот за заклетва пред Парламентот од 1866 година.

Обично овој процес трае два до три дена.

Четврток

Државно отварање на Парламентот. Говорот на кралицата е главен дел од овој настан и таа ќе прочита текст напишан од министрите, претставувајќи ја владината програма.

Неколку часа по нејзиниот говор, пратениците ќе започнат расправа околу неговата содржина – процес кој обично трае повеќе денови.

Петок

Зависно колку брзо сака да делува Борис Џонсон, расправата околу говорот на кралицата би можела да продолжи в петок.

Може да дојде до прекин поради другата расправа за предлог законот за повлекување.

Пратениците во претходниот парламент го поддржаа предлог законот на Џонсон во неговата прва фаза, но го одбија планот овој закон да биде усвоен во Парламентот со брза процедура, со цел Британија да ја напушти ЕУ до 31 октомври.

По завршувањето на расправата околу говорот на кралицата, пратениците ќе гласаат за тоа дали да го одобрат. Говорот на Кралицата не е одбиен уште од 1924 година.

Треба да знаете
Последни објави