Рекордно високо ниво на рејтингот на Трамп

Популарноста на американскиот претседател достигнува рекордно ниво неколку дена пред соочувањето со импичмент.

„Неколку денови пред историското гласање за отповикување од функцијата во Претставничкиот дом, Доналд Трамп има највисоко ниво на популарност – 43 отсто од анкетираните позитивно се изјасниле за него наспроти 52 отсто со негативен став”, соопшти американскиот универзитет Квинипак, кој редовно извршува такви анкети.

И покрај тој нов личен рекорд, Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичмент за неколку дена, по третпат во историјата на САД.

Покрај тоа, популарноста на сегашниот претседател е помала од онаа на повеќето негови претходници во исто време во нивните мандати.

На 23 октомври, пред да започнат јавните расправи за импичмент, популарноста на Трамп беше само 38 проценти, потсетува универзитетот. На 10 декември тој имаше поддршка од 41 процент од Американците.

Треба да знаете
Последни објави