Младинскиот додаток ќе се исплаќа на сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Потоа, младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.
Преку оваа мерка, истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.
Подолжуваме да креираме и спроведуваме мерки што го унапредуваат животниот стандард на младите и обезбедуваат можности за младите да останат тука. Иднината на нашата држава е во човечкиот капитал и ќе продолжиме да инвестираме во него.