Француската полиција пукаше со солзавец врз демонстрантите во градот Нант, за време на протестите против планираните реформи во пензискиот систем на владата на претседателот Емануел Макрон.
Солзавецот е употребен за време на протестите организирани од синдикатите, кои се против реформите.
Нант во последните неколку месеци беше поприште на неколку судири меѓу полицијата и екстремно левичарските радикални групи, пренесува „Ројтерс“.