Јапонските фудбалерки први ќе го носат олимпискиот факел

– Женската фудбалска репрезентација на Јапонија која во 2011 година беше светски првак, ја доби честа прва да го носи олимпискиот факел во Токио следната година.

Не се знае колку фудбалерки ќе го носат факелот, но сигурно е дека церемонијата на пристигнување на факелот ќе се одржи на 26 март во Фукушима, и потоа како штафета ќе се пренесува од еден на друг, до свеченото отворање на Олимписките игри во август.

Факелот кој ќе се запали во Грција под планината Олимп на 12 март, ќе се носи низ 47 префектури во Јапонија, а ќе минува и низ неколку места кои се од светското културно наследство, како планината Фуџи и светилиштето Ицукушима.

Треба да знаете
Последни објави