Британската полиција пресретна чамци со 60 мигранти кај Ламанш

Британските власти синоќа објавија дека пресретнале над 60 мигранти кои во мали чамци преку Ламанш се обидувале да влезат во Велика Британија.
Мигрантите кои се пронајдени во пет чамци, рекле дека се државјани на Иран, Ирак и Узбекистан.Меѓу нив има мажи, жени и деца кои веднаш биле згрижени.
Во последно време се забележува шверцот на луѓе во мали чамци заради поригорозната полициска контрола.Британските власти соопштија дека соработуваат со француските колеги и дека патролите на францускиот брег се дуплирани.

Треба да знаете
Последни објави