Почна судењето во Хрватска на жена (53), која е осомничена за подметнување на најголемиот пожар во годината.
Жената е обвинета пожарот кај Дубрава кај Шибеник на 27 јули 2019 година.
Најголемиот пожар оваа година во Хрватска беснееше во Дубрава. Изгорени беа 900 хектари шума. Пожарот кај Шибеник избувна на голема шумска област и беше изгаснат од над 200 пожарникари кои со помош на канадери и припадници на хрватската армија ги одбранија домовите на луѓето.
Во пожарот беа повредени и четворица пожарникари.