Извештај на добротворна организација: Најмалку 280.000 Британци се без дом

Најмалку 280.000 луѓе во моментот се бездомници во Англија, додека десетици илјади се изложени на ризик да ги загубат своите домови, се вели во годишниот извештај на добротворната организација „Шелтер”.

Тоа означува зголемување за неколку илјади од минатата година и 23.000 од првиот извештај на добротворната организација за 2016 година. Со анализата се укажува дека еден од 200 луѓе веќе спијат на улици или живеат во хостели и привремено сместување.

Додека во извештајот се предупредува дека реалните бројки веројатно ќе бидат многу повисоки заради „скриена бездомност”, владината анализа на податоците открила и дека скоро 220.000 луѓе се соочиле со заканата да го загубат својот дом во минатата година, коментира „Индипендент”.

Најлоша е статистиката за Лондон. Во британската престолнина, просечно еден од 50 лица страда од бездомност, се искачува на еден на 24 во Њуам и еден на 29 во Кенсингтон и Челзи. Добротворната организација користи податоци на владата дека речиси 220.000 луѓе се сметаат за ризични да го загубат својот дом.

Во извештајот исто така се открива дека стапките на бездомништво вон Лондон се „забележителни” во области како Лутон, Бирмингем и Брајтон.

Добротворната организација исто така откри дека добивала итни телефонски повици во просек на секои 44 секунди во текот на изминатата година, при што својата бесплатна услуга на веб-страница ја користеле скоро 26.000 пати.

Треба да знаете
Последни објави