Кумановец провалил во куќа во Ново Село, со скршената врата ја удрил домаќинката

На 17.12.2019 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.М.(43) од Куманово, затоа што околу 23.00 часот со остар предмет ја скршил влезната врата од домот на М.Ј.(62) во с.Ново Село, кумановско, по што со вратата ја удрил и М.Ј..

Според пријавеното, тој искршил и неколку предмети во дворот. О.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави