Европскиот фудбалски првак Ливерпул денеска (18.30 ч.) го започнува настапот на Светското клупско првенство кое се игра во Доха, Катар. Англискиот премиерлигаш Ливерпул во полуфиналето на турнирот ќе игра против мексиканскиот Монтереј.
Ливерпул во ова натпреварување ќе настапи по пауза од 14 години, откако во 2005 во финалето загубија од бразилскиот Сао Паоло.
Тимот на стратегот Јирген Клоп, Ливерпул важи за фаворит против мексиканската екипа Монтереј, која настапите на турнирот ги почна со меч во четвртфиналето против Ал Саад и победи со 3-2.
Победникот од овој дуел во финалето ќе игра со бразилскиот Фламенго кој во првиот полуфинален меч го совлада Ал Хилал Риад од Саудиска Арабија со 3:1.