Лондонски таксист осуден на две доживотни казни за силување

Џон Ворбојс, познат како „Џон Радфорд, силувач од црното такси“ е осуден на две доживотни казни затвор со минимален рок од шест години за напад на уште четири други жени, јави Би-би-си.

62-годишниот Ворбојс беше затворен во 2009 година за напад врз 12 жени во Лондон, но откако одборот за условна казна објави дека ќе биде ослободен, се јавија уште четири жени, кои го обвинија за напад. Ворбојс беше затворен на неодредено време во 2009 година, со минимален рок од осум години, откако беше прогласен за виновен за 19 сексуални напади врз 12 жени меѓу 2006 и 2008 година.

Минатата година, одборот за условна казна се премисли и одлучи дека престапникот треба да остане во затвор. Обвинителот на Данкан Пени изјави дека психијатарот Филип Џозеф утврдил дека Ворбојс фантазирал за напади на жени уште од 1986 година. Во извештајот за пуштање на условна слобода од август годинава се вели дека субјектот е потенцијално опасен сега исто како што бил во времето на изрекувањето на првата казна.

Откако четири жени го пријавиле напад, Ворбојс се изјаснил за виновен за две обвининија кои се однесуваат на давање дрога со намера за силување.

Пени објасни дека насилникот ја нападнал првата од четирите жртви кои подоцна пријавиле, во 2000 или почетокот на 2001 година, по излегување во бар во населбата Сохо. Втората жртва, студентка која живеела во северен Лондон, била нападната во 2003 година. Ја собрал од улица откако ноќта ја минала со пријателите во ноќен клуб. Третата жртва била нападната од Ворбојс во 2007 година при ноќна забава, откако и рекол дека добил на лотарија и ја понудил со шампањ. Четврта жртва ја издрогирал во Бурнмут.

Полицијата верува дека покрај овие злосторства, Ворбојс извршил над 100 силувања и сексуални напади врз жени во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави