Рене Зелвегер паузирала шест години поради исцрпеност

Оскаровката со низа хит-филмови што ги полнеа кината ширум светот ги изненади своите фанови кога во 2010 година реши да направи пауза од Холивуд.

А сега Рене Зелвегер јавно проговори зошто привремено се повлече од снимање филмови. Таа деновиве го промовира филмот биографија „Џуди“ – еден од можните кандидати за Оскар.

50-годишната ѕвезда на „Дневникот на Бриџит Џонс“ и двете продолженија објасни во интервју за Deadline.com дека едноставно требало да ги наполни батериите и да одвои време за поинаков начин на живот.

„Сакав да пробам други работи, работи кои не се вклопуваа во распоредот на којшто му служев толку долго време,“ додаде таа.

„Никогаш не беше добро време да се повлечам од неверојатните креативни можности, но требаше да се развивам и да се предизвикам на поинаков начин за да сфатам.

„Решив да живеам надвор од филмските сетови и промотивни тури, фустани и високи потпетици, посакав автентични разговори со луѓето.“

Таа беше номинирана за „Златен глобус“ и за друга престижна награда за нејзината улога во филмот „Џуди“ и без сомнение таа ги држи прстите вкрстени за номинација за „Оскар“ во јануари.

Таа собра пофални критики за својот портрет Џуди Гарланд, а филмот имаше премиера во октомври.

Доколку ја освои наградата SAG (Screen Actors Guild Award) за најдобра актерка, таа ќе биде првата жена што освоила три вакви награди, откако претходно освои награда за најдобра актерка во „Чикаго“ и најдобра споредна улога во „Студена планина“.

Во „Џуди“, Зелвегер ја ре-креира последната година од животот на Џуди Гарланд додека се подготвува за серија шоуа во Лондон во почетокот на 1969 година и кога се венчава со нејзиниот петти сопруг Мики Динс, кого во филмот го игра  Фин Витрок.

 

Треба да знаете
Последни објави