Северна Кореја би можела да тестира ракета со голем дострел како несакан „Божиќен подарок” за САД, изјави командантот на американските пацифички воени сили, генерал Чарлс Браун.
Тој на тркалезната маса во Вашингтон рече дека тензиите ескалирале бидејќи се приближува рокот на Северна Кореја за разговори со САД за денуклеаризација.
„Она што очекувам е некаква балистичка ракета со голем дострел што би била „подарок”, рече Браун, осврнувајќи се на заканата од Пјонгјанг за „Божиќен подарок”.
„Се работи за тоа дали ќе биде испорачана на Бадник, на Божиќ или после Нова Година”, додаде Браун. Тој нагласи дека американските војници се подготвувени да одговорат на секоја провокација од Пјонгјанг.