ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Европа со почесен претседател кој е правосилно осуден криминалец и се наоѓа во бегство, рече Страхил Гигов од социјалдемократскта младина во изјава за медиумите дадена пред седиштето на опозициската партија.
На Светскиот ден на мигрантите ќе ја предадеме оваа плакета на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е седиштето на партијата, чиј почесен претседател, Никола Груевски, е криминалец во бегство. Овој бел дворец зад мене е синоним за криминал, режим и лажни вести. Синоним за попречување на правдата и затоа оваа плакета прилега единствено на овој луксузен дворец“, порача претставникот од владејачката партијa.
Воедно Гигов порача дека на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее нов пораз од граѓаните, особено од младите.