Серија А се извини за антирасистичката кампања со слики од мајмуни

Извршниот директор на италијанската Серија А, Луиџи Ди Сиеро, се извини за реакцијата што ја предизвика новата кампања против расизмот.

Како дел од кампањата против навредите на расна основа во италијанскиот фудбал, беше покрената акција на која има три мајмуни насликани од уметникот Симоне Фугаџото, кој изјави дека сликите треба да покажат: „Сите ние сме една раса”.

Клубовите ја критикуваа оваа идеја.

– Се извинувам на сите што се навредија од работата на Симоне Фугаџото. И покрај фактот дека уметникот објасни дека пораката за неговите креации е против расизмот, овие дела сè уште беа контроверзни за многумина. Невозможно е да се оспори само решителната и постојана осуда од Серија А за сите форми на дискриминација и расизам што сакаме да ги отстраниме од нашата лига, изјави Сиеро за „Фудбал Италија”.

Треба да знаете
Последни објави