Од први март 2020 година, државјаните на Украина ќе можат да влезат на територијата на Русија само со пасоши, соопшти украинскиот премиер Александар Гончарук на својата страница на Телеграм.
„Од 1 март за преминување на границата со Русија ќе биде потребен пасош, што ќе важи само за државјаните на Украина кои преоѓаат на територијата на Русија. При влез на државјаните на Украина од територијата на Русија во Украина, државната погранична служба на Украина непречено ќе ги пропушта украинските државјани со лични карти и со извод од матичната книга на родените“, прецизираше тој.
Во соопштението се наведува дека отсега податоците од пасошите ќе се читаат со помош на специјални уреди, па на тој начин ќе има помал застој на граничните премини.
На крајот од ноември 2018 година, Киев го ограничи влезот во земјата за мажните на возраст од 16 до 60 години кои доаѓаат од Русија.