Анчелоти дебело ќе наплати ако го спаси Евертон од испаѓање

Трофејниот искусен италјански фудбалски стручњак Карло Анчелоти неодамна доби отказ од Наполи, но веднаш си пронајде нов ангажман во редоите на англискиот премиерлигаш Евертон. Според медиумите на Островот преговорите меѓу Анчелоти и Евертон се успешно завршени, но сеуште се чека на официјалната промоција.

Додека клубот и трнерот го прецизираат датумот за почеток на соработката англиските медиуми веќе објавуваат дека Анчелоти пред да биде официјално промовиран чека потврда од Евертон за можните засилувања на тимот на кого му претстои трка за опстанок во премиерлигашката конкурнеција. Евертон моментлно е на 16. место меѓу 20. екипи на табелата со само 18 бода, три повеќе од Саутемптон кој е во зоната за испаѓање.

Ако Анчелоти успее во мисијата да го спаси Евертон од испаѓање, ќе добие бонус од 2.5 милиони фунти. Што се однесува до годишната плата на Анчелоти тој ќе биде еден од најплатените тренери во Европа со заработка од 11.5 милиони фунти.

Треба да знаете
Последни објави