– Поранешниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој ќе биде асистент на Роналд Куман на претстојниот Европски фудбалски шампионат.
Селекторот на лалињата вчера ги објави имињата на неговите двајца асистенти, а вториот е Мартин Стекеленбург.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој сега има 43 години, има искуство како асистент на Гус Хидинк и Дани Блинд.
– Ова е одлична можност за мене и предизвик што го преземам со отворени раце. Ќе дадам се од себе за да постигнам добри резултати на Европското, соопшти тој за веб-страницата на локалната федерација.