– Артуро Видал, кој е незадоволен од својата ситуација во Барселона, го напуштил вчерашниот тренинг на тимот, откако дознал дека нема да биде носител на дербито против Реал Мадрид, пренесува ЕСПН.
Триесет и две-годишниот фудбалер се почувствувал фрустриран, бидејќи сметал дека заслужува да започне од првата минута на „Камп ноу” вечерва. Според Видал, тој бил смируван од неговите соиграчи.
Искусниот Чилеанец е несреќен затоа што не добива доволно шанси да игра. Тој веќе рече дека се надева дека ќе го смени клубот, а главен кандидат за него е Интер. Претставниците на италијанскиот тим веќе неколку дена разговараат со луѓе од Барса.
„Ел Класико” е на програма вечерва од 20:00 часот.