Врховниот суд на Индија ја одложи одлуката за законот за државјанство

Високиот суд во Индија го одложи разгледувањето на прашањето за уставноста на новиот закон за државјанство и покрај масовните протести низ целата земја.

Судот на тој начин не ја суспендира примената на новиот закон за индиско државјанство, а одлука за неговата уставност ќе донесе на 22 јануари.

Новиот закон, меѓу другото, овозможува добивање државјанство на мигрантите кои не се муслимани, а кои влегле во Индија илегално од неколку соседни земји.

Протестите против законот почнаа во државата Асам минатата недела, но станаа насилни и се проширија и на универзитетите во целата земја.

Протести се организирани и во индиските држави Западен Бенгал, Керала и Карнатака.

Треба да знаете
Последни објави