„Не сакам да шпекулирам за шансите за постигнување договор. Сепак, гледам дека Украина добива еднострана поддршка од САД во делумно нејасните барања. Неопходно е САД со свои интереси да се повлечат настрана. Станува збор за обезбедување гас за Европа. Така, јас не гледам никаква врска меѓу испораките и транзитната рута”, објасни тој додавајќи дека никој, вклучително и Русија, не е должен да снабдува ресурси или да избере одредена транзитна рута.
Тој додаде дека паралелното спротивставување на Украина на „Северен тек 2“, што е од суштинско значење за снабдувањето со гас во Европа, е тотално неправедно, имајќи предвид дека Европа и особено Германија ја поддржуваат Украина.
„Има многу можности да го гарантираме нашето снабдување со гас, терминалите се полни, а Северен тек 2 наскоро ќе профункционира“, рече пратеникот.
Постојните договори за снабдување со руски гас и транзит преку Украина ќе истечат на крајот на декември. Страните разговараат за можноста за нов договор и нивните услови за време на трилатералните состаноци. Москва истакна дека договорот треба да биде профитабилен за Русија и во исто време бара од Киев да претстави план за модернизирање на системот за транспорт на гас.Русија тврди дека може да се постигне договор под услов и двете страни да ги отфрлат барањата за меѓународна арбитража и да се запре судската постапка.
Киев, од своја страна, смета дека условите се неприфатливи, а украински „Нафтогаз“ ги проценува своите финансиски побарувања против рускиот „Газпром“ на околу 22 милијарди американски долари.