Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен гостиварец, но тој се дал во бегство. Притоа во дворот на една куќа фрлил машка чанта во која се наоѓале 32 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 36,39 грама и едно пакување кокаин со нето маса од 0,17 грама. Дрогата веднаш била подигната од страна на полициските службеници, додека лицето било лишено од слобода на 17 декември.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави