– Кевин де Бруин има само 28 години, но веќе се подготвува за тренерска кариера. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити се запишал на тренерски курс, кој се организира следната пролет од Кралскиот белгиски фудбалски сојуз.
– Сакам да го полагам овој курс затоа што тогаш ќе биде можно да добијам диплома А и Б. Дефинитивно сум амбициозен да го сторам тоа затоа што можам да добијам две лиценци во најкус можен рок. Не размислувам за тренерство сега затоа што сум уште млад, но ако сакам да останам во светот на фудбалот и по мојата кариера како играч, морам да го исполнам барем овој минимум, објасни Де Бруин.
Белгискиот репрезентативец има договор со Манчестер Сити до 2023 година. Од почетокот на сезоната, тој има одиграно 16 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 6 гола и 10 асистенции.