Првата пресметка сезонава на лутите ривал во шпанската фудбалска Примера, Барселона и Реал Мадрид по неколкуте пролонгирања се игра вечерва (20 ч.) на „Камп Ноу“. Поради политичката ситуација во земјата дуелот од 10. коло не се одигра во редовниот терми 26 октомври, но и пред денешната пресметка во Барселона најголемото дерби во светот не е заобиколено од политичките мирудии, а за безбедноста на тимовите ќе се грижат 3.000 специјалци распоредени на стадиониот кој има капацитетот од 99.000 и ќе биде исполнет до последното место.
Повеќе од 25 000 демонстранти најавуваат собир вечерва пред „Камп Ноу“. Екипите кои почетокот на мечот го чеката сместени во хотелот „Софија“ во близина на стадионот ќе се упатат кон „Камп Ноу“ истовремено, од безбедносни причини.
Во ваква атмосфера ко-лидерите во шпанската Примера по 17 одиграни кола ја чеката пресметката за да направат исчекор во трката за титулата пред ривалот. Имаат по 35 бода, а актуелниот првак Барселона е на првата позиција поради подобрата гол-разлика. Каталонците се многу поефикасни од „кралевите“, имаат дадено 43 наспроти 33 гола на противникот, но имаат повеќе примени голови 20 наспроти 12 на гостите. Судирот на ефикасниот напад и цврстата одбрана треба да понуди интересна фудбалска престава.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде поради повреда не може да смета на Дембеле и Артур Мело, додека пак неговиот колега од спротивниот табор Зинедин Зидан има многу поголеми проблеми да го состави тимот. Во редовите на „кралевите“ вечерва сигурно ќе недостасуваат Еден Азар, Асенсио, Хамес Родригез, Васкес и Марсело.