Зидан е без пораз на „Камп ноу”

– Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не забележал пораз на гостувањето кај Барселона како ментор на „белите”, покажува статистиката.

Вечерва францускиот стратег по петти пат излегува на „Камп Ноу” како тренер.

Во сезоната 2015/16 година, Зизу за прв пат влезе во улогата и победи со 2-1 во натпревар во Ла Лига. Ова до одреден степен ги брише лошите емоции од есенскиот дуел, кога Рафаел Бенитез губи со 0-4 на „Сантијаго Бернабеу”. Оваа победа ја менува динамиката на Ла Лига и ја стартуваше неизвесноста до последното коло, кога „лос кулес” триумфираат со бод повеќе.

Следната сезона, „белите” зедоа бод по израмнувачкиот гол на Серхио Рамос на крајот. Во 2017 година, Реал ја уништи Барса за шпанскиот Супер куп, со победата на тимот од Мадрид со 3:1 на натпреварот во Каталонија.

На последната средба на „Камп Ноу”, Реал Мадрид на Зидан извлече 2-2 во домот на Барса.

Треба да знаете
Последни објави