Крос ги избриша „панцерите“ од листата со фаворитите за ЕП 2020

Германската репрезентација се исправи на нозе по дебаклот на СП минатата година, но играчот од средниот ред, Тони Крос не смета дека составот е фаворит на претстојното Европско.

На прашањето дали Германците се меѓу екипите со најголема шанса да го освојат трофејот, тој одговори: „Не. Да бидеме реални. Но, ова е само мое мислење и тоа е извлечено од нашата сегашна состојба. Немаме амбиции за турнирот. Секако дека сакаме да стигнеме најдалеку што можеме. Останува уште многу време пред завршницата и ние ќе го искористиме. Две или три екипи се чекор пред нас, но тоа може да биде различно во јуни”.

Според него, 2019 година беше добра за „панцерите”, но во многу натпревари не успеле да одржуваат добро ниво 90 минути.

– Вие не можете да си дозволите вакви работи ако сакате да бидете успешни. Дури и 30 лоши минути можат да уништат сè, за што сте работеле порано, вели халфот на Реал.

Треба да знаете
Последни објави