– Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, даде многу интересна изјава за иднината на Кристијан Ериксен. Договорот на 27-годишниот играч од средниот ред истекува на крајот на сезоната, а одамна е јасно дека тој нема да биде обновен.
Ова значи дека последната шанса на клубот да собере пари за Данецот е да го продаде во јануари. Реал Мадрид и Јувентус се појавуваат како фаворити за да го привлечат, а медиумите на Островот тврдат дека Тотенхем нема да го продаде на директен конкурент во Премиер лигата.
Претседателот, сепак, вели нешто друго.
– Да бидам искрен, не се плашиме да им го продадеме на нашите конкуренти. За мене е многу едноставно. Да потпишеме нов договор со играч, не само што понудените услови мора да бидат соодветни, туку фудбалерот мора да сака да остане, прокоментира Леви.
Тоби Алдервеирелд и Јан Вертонген се другите двајца клучни играчи на Тотенхем чии договори истекуваат.