Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека властите во земјата остваруваат повеќе контакти отколку претходно со руската страна во врска со истрагата за убиството на грузискиот државјанин во Берлин.
Германија претходно избрка двајца руски дипломати под сомнение дека Русија учествувала во убиството.
„Ние моравме да ги протераме овие дипломати затоа што не забележавме подготвеност за соработка од руската страна“, рече Меркел, обраќајќи се пред Бундестагот.
Таа истакна дека истото го пренела и на рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Нормандиската четворка, пренесува ТАСС.
„Сега гледаме повеќе контакти“, истакна Меркел.